АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заради заштита и спречување на ширењето на коронавирусот Општина Битола го затвори новиот детски пар во Градскиот парк. Пред влезовите се поставени црвени ленти. Од Општина Битола велат дека реквизитите се дезинфицирани, исто како и клупите во паркот, но поради проширување на мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот се забранува користењето на реквизитите во овој парк.
-Реквизитите и влезовите во игралиштата и спортските терени се излепени со лента, апелираме до граѓаните да се воздржат од користење на овие објекти, бидејќи така ќе го заштитат сопственото и здравјето на другите граѓани.