2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЕЛЕМ донираше прочистувачи за воздух и болничка опрема

Декември 27, 2017

АД ЕЛЕМ  донираше прочистувачи за воздух за неколку градинки и училишта во Скопје, Битола, Новаци и Кичево и болничка опрема за Клиничкиот центар во Битола во висина од 40.000 евра.

Парите, како што истакна генералниот директор Драган Миновски, се обезбедени од заштедите што ги направила компанијата за адвокатски услуги за годинава.

„Пред овие новогодишни и божикни празници АД ЕЛЕМ одлучи да донира во градинки, училишта и болници во Скопје, Битола, Новаци, Тетово и во Кичево.

Ние во АД Електрани на Македонија сме свесни дека компанијата и дел од нејзините производни капацитети се сметаат за објекти кои во еден сегмент негативно придонесуваат кон загадувањето, што е неизбежен дел во производството на електрична енергија, а знаете дека основната дејност на АД ЕЛЕМ како државна компанија е производство на електрична енергија. Ние, можам да кажам, особено како ново раководство, се обидуваме да достигнеме што повисоки еколошки стандарди при производството, да ги почитуваме барањата и одредбите и на невладните организации и на домашните и меѓународните закони од оваа област и ќе го правиме тоа континуирано и во иднина. Дополнително, ќе инвестираме и во намалување на последиците од загадувањето, без оглед дали некаде за тоа имаме некаков удел или немаме, ќе го правиме тоа едноставно водени од свеста за општествена одговорност.

АД ЕЛЕМ ќе донира прочистувачи на воздухот во 5 градинки, во општините Карпош, Центар, Аеродром, Тетово и Кичево.
Ќе донираме прочистувачи за воздух во училиштата во општина Новаци, како општина која се наоѓа најблиску до РЕК Битола, и со прочистувачи ќе бидат опремени училниците во Новаци и во селата во оваа оштина, а тоа се: Бач, Гермијан,Живојно, Рибарци, Добромири, Далбеговци, Агларци и Рапеш.

Целта на оваа донација е во есенските и зимските услови кога загадувањето од загревањето на домовите, од индустриските капацитети или едноставно од самата местоположба на населеното место не дозволува да се отворат прозорите на градинките и училиштата и да влезе чист воздух кој им е потребен на децата во текот на наставата и престојот во градинката, па така, тој воздух да се прочисти и освежи преку овие апарати и децата да можат непречено да учат или да бидат згрижени во соодветните институции.

Исто така, АД ЕЛЕМ ќе донира и во болницата во Битола. Ќе донираме на одделението за белодробни заболувања 7 инхалациони небулајзери и еден апарат за спирометрија, кои според надлежните во болницата добро ќе дојдат и ќе бидат од помош во овој период на настинки и други потешки заболувања накои им погодува и зимата и загадениот воздух. Исто така, за одделението за реанимација ќе донираме два ЕКГ апарати.

Според проценките, набавката на овие апарати ќе чини околу 40 илјади евра и тие пари АД ЕЛЕМ ги обезбеди со пренамена на средствата кои беа предвидени за адвокатски услуги“, изјави генералниот директор Драган Миновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани