2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Не теравте да дуваме во магла“, рече Валентин Груевски на барањето на ВМРО-ДПМНЕ власта да го исчисти воздухот

Декември 27, 2017

Сет краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето во Битола, меѓу кои набавка на еколошки билборди и субвенционирање на печки на пелети, по третпат предложи опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на општинскиот Совет, но предлогот не беше усвоен од мнозинството.

-Сите знаеме дека сегашната локална власт вети дека ќе го исчисти воздухот во општина Битола. Сега сите мерки што ги предлагаме тие ги одбиваат. Значи даденото ветување не го исполнуваат, ги излажаа граѓаните. Од една страна  минатата година предлагаа краткорочни мерки, а сега велат дека тие краткорочни мерки немало да влијаат врз амбиенталниот воздух во општина Битола. Значи не можам да ги разберам, навистина. Воздухот сите ние го дишеме, сите ние сакаме да бидеме здрави,  нашите деца да живеат во здрава средина и треба нешто да се направи, рече Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот,  Валентин Груевски, ја потсети Лозановска дека додека нејзината партија беше на власт, го игнорирала овој проблем, а поранешниот градоначалник Талески вината за загадувањето ја лоцираше во божјите сили.  

-Јавно кажував  од оваа говорница  дека воздухот во Битола е загаден и канцероген и од него умираат наши сограѓани. Ако некој од претходната власт го кажал ова јавно, да ме потсети. А јас ќе  ја потсетам колешката Олга Лозановска, дека  Владимир Талески  за воздухот во Битола  ги обвини божјите сили, а сите вие кои бевте зад него се смеевте. Ќе ви кажам дека за првпат ние почнавме да зборуваме за воздухот, а вие  го игнориравте тој проблем. Кога протестиравме праќавте смешни соопштенија и смешни прес- конференции во кои ни кажувавте дека треба да дуваме во маглата.  Имате право како опозиција да кажувате што треба да преземиме, тоа е ваше право, рече Груевски и ги наведе активностите со кои локалната и централната власт ќе се борат против аерозагадувањето.

-Предвидовме 15 милиони денари за гасификација на Битола и ќе го отпочнеме процесот. Тоа не може да се направи за 15 дена, но ќе го направиме. Во буџетот се и средствата  кои ги добиваме  за загадувањето од РЕК Битола и ќе ги потрошиме за подобрување на животната средина. Оваа година  одвојуваме 17 милиони денари за експропријација на земјиште на кое треба да се гради пречистителната станица. И тие пари се за заштита на животната средина. Ако толку пари сте вложиле во една година од општинскиот Буџет да ми кажете. РЕК Битола како еден од најголемите загадувачи, започна процес за стандардизација на отпепелувањето и процес за десулфуризација, кој ќе терае во наредните години и ќе се потрошат стотина милиони евра, додаде Груевски.

Советниците од иницијативата „Поинаку“ побараа со одлука на Советот на општина Битола, во Буџетот да се формира посебна наменска сметка која ќе биде наречена „еколошка сметка“, на која ќе се обезбедат 10 милиони денари кои ќе бидат искористени  за аерозагадувањето во  Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани