2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обиколницата над Битола добива нов лик со звучните и заштитни бариери

Мај 31, 2020

Обиколницата над Битола која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и минува низ дивата ромска населба, добива нов лик. Од осум километри должина колку што е оваа делница, поставени се звучни и заштитни бариери на нешто повеќе од еден километар колку што била проценката во проектот на ЈП за државни патишта. На овој начин треба да се овозможи поглема безбедност на жителите во населбата. Градоначалничката Наташа Петровска на својот ФБ профил објави фотографии од обиколницата и напиша

„И побезбедно и позаштитено на обиколнцата. И да, ништо не е случајно. Сепак можело.Решен уште еден наследен проблем, пишува Петровска

 

FB IMG 1590952435119Жителите кои живеат во непосредна близина на обиколницата, секојднево минуваа по овој дел од патот, а децата играа,  иако овде се вози со голема брзина, поради што во повеќе наврати се случуваа сообраќајни несреќи. Исто така, жителите на коловозот често палеа ѓубре поради што обиколницата беше непроодна за возила.

Делницата каде се поствуваат звучните бариери е од почетокот на мостот до влезот на тунелот, со што ќе се спречи минувањето на пешаците. Освен безбедност, ќе има и помала бучава од возилата, а бариерите се од бетон и гума


FB IMG 1590952430702-За поголема безбедност во сообраќајот, посебно за жителите кои живејат во близин на обиколницата над Битола, во должина од 1 километар се прават звучни бариери од најнов тип, еколошки, колоритни. Покрај основната функција има и естетика, вели директрот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов

Обиколницата за која имаше големи реакции на социјалните мрежи затоа што често пати во минатото беше и вистинска депонија од отпадот што жителите го оставаа покрај патот, сега цеолсно го менува ликот. Покрај ревитализацијата и бариерите, претходно ЈП „Комуналец“ задолжи вработен да ја одржува хигиената на патот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани