2win800x200

Се реконструира месната заедница и игралиштето на Тепсија

Јуни 02, 2020

Започна реновирањето на дел од месната заедница „Димитар Влахов“ и реконструкцијата на игралиштето во нејзина непосредна близина. Со средства од над 400.000 денари обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, заедно со невладините организации „Преда плус“ и „Баирска светлина“, се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница, а Општина Битола обезбеди од 450.000 денари. Во реконструкцијата ќе се вклучат и битолските јавни претпријатија. За локалното население, овие два проекти ќе имаат големо значење.

-Во оваа населба продолжуваме со активности за подобрување на животот на овие граѓани, не само со еднократна помош, туку помош за вработување, подобрување на условите на ромската заедница, инфраструтура, одржување на хигиена, осветлување  за да не се соочуваме со немили настани какви што имаво претходниот период кога беше демолиран објектот на оваа месна заедница. Се надеваме дека граѓаните од оваа месна заедница ќе да дадат свој придонес да ги зачуваме овие услови и да покажаеме дека сите можеме да ја направиме Битола поубава, Рече Ремзи Медик од „Баирска светлина“

DSC 0844

За игралиштето средствата се обезбедени преку шемата за мали грантови финансирана од Советот на Европа и Европската унија преку РОМАКТЕД Програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ во вредност 540 илјади денари.

-Ова е само почетокт, во соработка со општината продолжуваме со други проекти, кои што даваат придонес за подобрување на животот на Ромите во Општина Битола. Овој проект покажува дека сите заедно моеме да направиме многу за подобрување на животот на сите граѓани, рече Бајрам. 

igraliste 1

Градоначалничката Наташа Петровска, дел од директорите на битолските јавните претпријатија, како и претставници од невладините „Преда плус“, „Баирска светлина“, програмата „Ромактед“ и месната заедница, на терен се запознаа со активностите кои веќе се преземени, но и зафатите кои што допрва следуваат.

-Со овие активности за адаптација и реконструктивни зафати се овозможуваат урбана и социјална инклузија на жителите од оваа населба. Исто така, на оваа локација се изведуваат реконструктивни зафати на спортското игралиште, со што ќе се овозможат услови за населението од овој дел да има спортски активности. Ќе бидат поставени спортски реквизити, заштина мрежа, но и клупи, односно целосна адаптација, со цел да се добие пријатно катче за дружење и за спортски активности. За некаде околу 30-тина дена треба да имаме друга слика на спортскиот терен. Програмски се движиме во насока да навлеземе во најосновната клетка за урбана вклученост на граѓаните, а тоа е оплеменување на вакви простори, во непосредна близина на местото на нивното живеење.За скоро време, во рамките на битолската општина ќе имаме многу поубави и пооплеменети простори , кои што ќе бидат исклучиво во функција на граѓаните, рече градоначалничката Петровска.

Во рамките на проектот „Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми“, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка, еден од надворешните ѕидови веќе има нов, урбан лик, по цртањето на мурал од страна на Hybrid Minds.

 78186196 283909009650436 3207999158866673664 n

Општина Битола преку проектот „Општинско корисна работа“ финансирана од УНДП, има ангажирано 5 лица од ромската заедница за услуги за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост други ранливи категории на лица како одговор на справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот во општината. Исто така, преку проектот „Креирање можности за работа на сите- Главна фаза”, Општина Битола ангажира 4 лица од ромска националност во тимовите за дезинфекција на јавните објекти и јавните површини во градот во рамките на ЈП „Комуналец“, како и во делот на грижа за чистотата и средување на јавните површини.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани