2win800x200

Просечното време од дијагностицирањето до смртта е 8 дена кај починатите од Ковид, анализира професорот Трајковски

Јуни 21, 2020

 

Професорот на Техничкиот факултет во Битола д-р Дејан Трајковски и денеска направи опсежни корелациони анализи помеѓу вкупниот број на случаи, починатите и оздравените со земање во предвид на временските доцнења од дијагностицирањето до смртта (односно оздравувањето) и еве ги заклучоците.
1.) Просечниот временски интервал од дијагностицирањето (значи не од првите симптоми, туку откако влегле во статистиката за вкупните случаи) до смртта изнесува само 8 дена. Ова би бил одговор на прашањата на новинарите како е можно да опаѓа процентот на симптоматските случаи а истовремено да расте смртноста. Тоа е така затоа што многу побргу (поточно за 12 дена) починатите доаѓаат на ред за броење од оздравените.
2.) Имало многу неоткриени случаи кои се дијагностицирани по приемот на болница во тешка состојба, а во просек умирале само 8 дена по приемот.
3.) Просечното време од дијагностицирањето до оздравувањето изнесува 20 дена.
4.) Последните смртни случаи, околу редниот број 233 одговараат на дијагностицираните случаи околу бројот 3.700, што ни дава стапка на смртност од 6,30% од почетокот на епидемијата до сега.
5.) Големиот скок во стапката на смртност кај затворените случаи минатата недела (до 35%) се должеше на многубројните смртни случаи од многубројните скоро разболени, додека во исто време многу полесни случаи сеуште не се испишани.
6.) Во наредните денови се очекува да опаѓа стапката на смртност кај затворените случаи а вкупната стапка на смртност ќе се спушта од сегашните 11% кон 6,3%.
7.) Со новоутврдените временски константи можам да ја спуштам прогнозата за починатите во наредните 8 дена, Од случајот бр. 3.700 до случајот бр. 5.100, при стапка на смртност од 6,3% во наредните 8 дена се очекуваат околу 88 починати, односно просечно околу 11 на ден (а не преку 20, пресметано со помалку точните временски константи и стапка на смртност)
8.) Доколку се наоѓаме близу вториот пик на епидемијата и дневниот број на починати не надмине 12-13, тоа би значело дека смртноста во Македонија е двојно помала во споредба со Италија.
9.) Иако според бројот на инфицирани на еден милион жители веќе ја надминавме Италија, поради помалата стапка на смртност, која веројатно се должи на топлото време и/или слабеењето на вирусот, последиците кај нас нема да бидат толку драматични. Нашиот здравствен систем, кога веќе издржал до сега ќе издржи и понатаму, под услов репродукционит број повеќе да не се врати над единица.
10.) На првиот дијаграм се прикажан бројот на починати во однос на вкупниот број на случаи, со временско поместување од 8 дена. Од тука следува дека просечното време од дијагностицирањето до смртта е 8 дена.

104899040

На вториот дијаграм се прикажани временски поместената крива на оздравените во однос на вкупниот број на случаи, од каде се добива втората временска константа, просечното време од дијагностицирање до оздравување.

104561899

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани