2win800x200

КАПИТАЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Јуни 21, 2020

 

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски на денешната прес конфернција информираше дека за  период од две и пол години локална власт може да зборува за  успеси и реализирани проекти.

Ви го пренесуваме интергралниот текст.

-Вложивме се, сите ресурси максимално ги ангажиравме за да кажеме –Да, ни работиме, ние ја градиме нашата општина која заслужува да биде европска урбана средина со задоволни граѓани.

Во изминатите 2 и пол години континуирано работиме на подобрување патната инфраструктура. Дадениот збор пред граѓаните станува реалност.Работиме посветено, одговорно и во дослух со граѓаните.

Во изминатите 2 и пол години благодарение на централната власт преку соработката со ЈП за државни патишта на РСМ, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Бирото за Рамномерен Регионален развој решени се децениски проблеми преку асфалтирање на регионални и локални патишта .

-Асфалтирани се над 6700м локални улици од кои 1200 м со бехатон плочки.Асфалтирани се 12 км регионални патишта и околу 4 км локални патишта.

-Од Буџетот на општина Новаци за изградба ,реконструкција и одржување на локални патишта и улици во период од 2018- 2020 г издвоени се околу 21 милион денари .
-Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат (Рапеш-Старавина) во должина од 9 км со вкупна вредност од 36.000.000 денари .Со ова го решивме деценискиот проблем на жителите од Мариовскиот крај .После 50 години жителите од овој регион добија асфалтиран пат.

-Во соработка со ЈП за Државни патишта на РСМ асфалтиран е регионалниот пат Скочивир до Излетничкото место на река Коњарка во должина од 3км и вредност од околу 12.000.000 денари .

-Со 61.000.000 милион денари од Буџетот на ЈП за Државни патишта извршена е целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1311 ( Битола –Новаци –Рек Битола), во должина од 12 км.

-Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој асфалтиран е локалниот пат до населено место с.Тепавци во должина од 3 км и вкупна вредност од -18.901.948 денари .

 

-Асфалтиран е и локаленниот пат Р511-Крстосница с.Старавина –с.Будимерци до манастир Св.Атанас с.Старавина во должина од 811,65 метри со вкупна вредност од -4.601.062 денари.

-Преку Бирото за Рамномерен Регионален развој искористени се околу 5 милиони денари во изградба на улици во с.Градешница со бехатон плочки со вкупна должина од 1200 метри .

Почитувани ,И тука не застануваме !

Со позабрзано темпо и нова енергија продолжуваме и во оваа година инфраструктурно да ја градиме и со патна мрежа да ја поврзуваме општина Новаци .

Општина Новаци е подготвена со веќе спремни проекти да аплицира за обезбедување на средства од домашни и странски фондови и програми со цел нивна имплементација.

-Во склоп на проектот за подобрување на општинските услуги МСИП и Министерството за финансии изработена е проектна документација за реконструкција на две локални улици со краци во с.Новаци и една локална улица со краци во с.Гермијан со вкупна должина од 2.1 км.

-Во министерството за транспорт и врски аплициравме со три основни проекти за изградба на 3 локални патишта со предвидена реализација во три фази.
-Изградба на локален пат од раскрсница Старавина до с.Будимерци –фаза1 и фаза 2 и Изградба на локален пат Гнеотино спрема Брод .

-Со изработката на комплетната проектна документација за Изградба на две локални улици во с.Градешница со бехатон плочи и локален пат до Манастир Св.Илија создадени се основните предуслови за реализација на овие проекти кои се од интерес на граѓаните од с.Градешница.

-Во тек е подготовка на проектна документација за изградба на пешачка патека со осветлување до Камениот мост во с.Зовиќ како и улица во с.Зовиќ во должина од 400 м.

Дадениот збор пред граѓаните станува реалност .Како локална самоуправа се трудиме во секое населено место да ја подобриме урбаната слика и во тоа успеваме, затоа што градиме по план и приоритет за поквалитетен живот на граѓаните .

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво,градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.Инвестираме во индината и и во самоодржливоста.Инвестираме во се она штое важно за граѓаните и државата.

Можеме уште повеќе, можеме и подобро!

Градоначалник
Љубе Кузманоски
Општина Новаци

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани