АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Читири битолчанки, секоја од нив докажана во својата професија , го подигнаа гласот против сите форми на родово базирано насилство, во кои спаѓа и сајбер наслството.
Софија Ристесвка, режисер и сопсtвеник на „Интимен театар“, Маја Андоновска Илијевски, актерка и директор на Центарот за култура, Марија Магдалена Петковска-Микаровска, професор по англиски јазик и заменик директор во Медицинско училиште и Бисера Костадиновска Стојчевска, универзитетски професор, продекан на Педагошкиот факултет и кандидт за пратеник, ја формираа платформата „Без дозвола“, која е неформлана иницијатива за заеднички настап на жените, мотивирани од она што секојдневно се случува на социјаланите мрежи. Дел од членките биле жртви на сајбер насилство од една иста личност што е само една од причините да се здружат и да ја создадат платформата за одбрана на жената.
„Вознемирува фактот што сѐ поголем број на луѓе, сѐ почеесто со скриен идентитет ставаат на тапет жени кои си дозволиле да работат за подобрување на местото во кое жиеват. Нештата мора да се менуваат од корен. Делувањето би го започнале од најмладите од формалното и неформалното образование“, рече Андоновска-Илијевски.
Бисера Костадиновска- Стојчевска пред еден месец доживеала атак врз нејзината личност и семејството на интернет, па одлучила да тужи.
-Поднесов тужба за нарушување на приватсност против личноста која од негов личен профил тоа го објави. Но, кога побарав против лажниот профил да поднесам правно дејствие го добив одговорот дека прво тоа е многу долг процес, патот е многу тежок кој на кој би му дал налог, па профилот може да згасне и да застане сѐ. Ова мора да престане да биде лавиринт. Сјабер булингот мора да има разрешница, рече Костадиновска Стојчевска.
Велат не се осамени во овие жестоки напади, посебно на социјалните мрежи, затоа што до нив доаѓаат поплаки од голем број жени, кои секојдневно се соочуваат со слични ситуации.
„Немаме ништо против кога некој конструктивно ги критикува нашите професионални активности, но тешко е кога се мешаат семејства, деца, кога се добиваат закани по животот на најблиските, тоа веќе ги поминува сите граници. Жените кои нѐ конатктираат велат дека ќе поднесуваат тужби, па размислуваме да се најде механизам за да им се помогне. Психичкото насилство не смее никој да го доживува“, рече Петковска- Микаровска.
Покрај советодавната поддршка, проекти во насока на заштита на жената, ќе се бараат и законски основи за решавање на проблемите.
„Сајбер насилство е доведено до ниво на грозна појава во сајбер просторот. Ќе најдеме начин како да им се пружи психолошка и правна помош за заштита од горворот на омраза и дискриминација, но и со законски, правни регулативи. Да се стремиме насилството и дискриминацијата кон женета во сите форми да бидат забранети со закон и содветно третирани“, рече Ристевска.