АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наместо на најавената локација, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше изборната прогрма на плоштдот „Магнолија“. Утрово преку соошптение партјата се пожали дека локалната власт поради страв од изборен пораз им прави опструкции па се принудени да го променат местото на настанот. Од Општината одгворија дека не е спорна локацијата, туку целта на јавниот собир а во барањето на ВМРО-ДПМНЕе наведено дека ќе се одржи з промоција на изборната програма, што се случува на ден пред официјланиот почеток на кампањата и е спротивно на Изборниот законик.
„Диркетни опструкции од СДСМ и власта во Општина Битола раководена од Наташа Перовска пред се поради нервозата предизвикана од изборниот пораз, на ВМРО-ДПМНЕ не му беше отстапен јавниот простор пред Центарот на култура во Битола за промоција на на изборната програма. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ве известува дека ќе ја промени локацијата и презентацијата ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Општина Битола ја доставија цела коресподенција со ВМРО-ДПМНЕ и велат дека остануваат доследни во почитувањето на законските одредби. Плошатдот Магнолија Општинаа го отспаи откако партијата ВМРО-ДПМНЕ достави второ барање во кое наведува дека ќе се одржи јавен собир на плоштадот Магнолиа.
„Во интерес на вистината, по изнесените ставови од страна на ВМРО ДПМНЕ, околу доставеното барање до Општината за нивни активности, во прилог ја објавуваме целата кореспонденција низ документи. Општина Битола, останува доследна на почитување на законските одредби. Во дадениот случај, воопшто не била дискутабилна локацијата, туку целта на јавниот собир, изнесена во нивното прво барање, чија имплементација, е кршење на Изборниот законик., се навдува во соопштението од Општина Битола.
Инаку во член 69а на Изборниот законик се наведува дека изборната кампања започнува 20 дена пред деното на изборите, а глоба од 8000 евра за правното лице ако не го почитува рокот за започнување и завршување на изборната кампања. Официјално, изборната кампања започнува утре