2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Експресно исчистена дивата депонија од пелени до Стрежевската акумулација

Јануари 05, 2018

Јавните претпријатија „Стрежево“ и „Комуналец“ го исчситија отпадот од купишта расфрлени пелени во близина на вештачката акумулација „Стрежево“.

 

„Со механизацијата на ‘Стрежево’ и ‘Комуналец’ се исчисти исфрлениот комунален отпад. Известени се сите надлежни институции. Упатуваме благодарност до вистинските спортски риболовци. Добрата соработка меѓу нив и ЈП ‘Стрежево’ продолжува и понатаму. Акумулацијата да биде бисер на Битола“, напиша директорот Менде Граматковски на својот фејсбук профил.

Дивата депонија крај езерото ја забележаа спортски риболовци од Битола  и за случајот го известија јавното претпријатие кое стопанисува со езерото, а фотографиите ги прикачија и на социјалните мрежи. По ова следуваше акција на „Стрежево“ и „Комуналец“ за расчистување на депонијата.

Директорот Граматковски рече дека иако сметот е исфрлен подалеку од акумулацијата, мора да се заштити околината. Тој додаде „граѓаните да бидат безгрижни зашто ова ќе се исчисти и нема да ја загади водата. Водиме максимална грижа и за водата и за живот свет во неа“. 26168125 280841249108758 5792391198800709284 n

(Фото: Директорот Менде Граматковски на местото на исчистената депонија) 

Од вештачката акумулација „Стрежево“ битолски „Водовод“ користи вода преку лето кога потрошувачката на вода се зголемува, а се намалува капацитетот на водоснабдување од други зафати. Преку годината ова е едно од омилените места за рекреација на спортските риболовци.

Во близина на езерото има неколку села. Првпат се случува некој тука да исфрли пелени, а претходно имало случаи да се фрла градежен шут.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани