
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува Мирослава Бурнс
Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.
Насловот исто така, пласира отворено навивачка теза, од која не е обезбедена професионална дистанца. Со едноставни зборови, не е наведено кој го дава тврдењето изнесено во насловот. И згора на се, текстот завршува со изборниот слоган на партијата. Со пребарување на овој сајт, пронајдовме барем уште еден комплетно ист пример и начин на кој е пренесен партиски пиар во информативен жанр.
Особено во предизборниот период, кога одреден дел од гласачкото тело е неопределено, секоја информација, која не е претставена до крај прецизно, односно кога не се дава до крај образложение кој го дава тврдењето, може да влијае врз изборот на гласачите. Ставовите што некоја политичка партија ги изнесува, мора и во насловот и во целиот текст да бидат јасно атрибуирани на таа партија, во случајов ВМРО ДПМНЕ, за гласачот, односно читателот да донесе информирана одлука за тоа како ќе ги прими тие ставови.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар