
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Весна Коловска
Анализираме текст објавен на bregalnicki.mk под наслов „Проектот за хидросистемот “Злетовица” заборавен од власта на СДСМ, ќе заживее од првиот ден од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ“, наслов кој што сам по себе констатира.
Текстот заспочнува со редица заклучоци и коментари, а во функција на видео порака, со пишан текст од обраќањето на кандидатот за пратеник од Пробиштип во Изборната единица број 3, Маријан Миленковски.
При тоа авторот пишува:
Насловот, како и остатокот од новинарскиот текст, кој одвај е раграничен од партиското обраќање, е коментаторски, навивачки и не создава дистанца на новинарот од политичкиот субјект, во случајот кандидатот за пратеник.
Кодексот на новинари во член 14 предвидува:
Во овој дел од текстот не се прави разлика меѓу вест и коментар, ниту пак се разграничува што е новинарски тескт а што партиско обраќање. Текстот нема автор, а се има впечаток дека е соопштение во прилог на видео материјалот.
Понатаму во текстот следи заклучок, како вовед на видеото од обраќањето на кандидатот за пратеник, дека „доаѓањето на власт на СДСМ не значеше ништо за овој клучен инфраструктурен проект затоа што не се потегна никаква активност за негова реализација“.
Членот 1 од Кодексот на новинари укажува:
Авторот на текстот не се потрудил да ја провери точноста на информацијата. Вистиномер се обрати со директорот на Хидросистемот „Злетовица“, Миле Илиевски, кој негираше дека проектот е ставен во мирување. Меѓутоа, точно е дека до сега не успеале да земат кредит за втора и трета фаза, како што тоа во видеото го тврди кандидатот за пратеник Миленковски.
Директорот Илиевски објасни дека тече рокот даден од Европската инвестициона банка (ЕИБ) од две години за затворање на грантот. По ова се очекува одобрување на кредит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар