По повод јубилејот 15 години од основањето на Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА-Битола, Проф. Д-р Никола Димитров ја промовираше во јавноста монографијата „Географијата и географите во Битола и Битолско“. Оваа монографија е од исклучително значење за зачувување на трагите од бројните активности на географите од битолскиот регион во текот на декади наназад, но во исто време, претставува поттик на новите генерации географи, да продолжат со истото темпо во негувањето на географската мисла.и нејзино ширење низ младите генерации. Апла во друг текст ќе објави подетални и посеопфатни информации за делото.