
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на штипската ТВ Стар под наслов „Клип за македонското здравство“. Веста поткрепена со аматерско видео е објавена на Фејсбук страната на ТВ Стар вчера (01 јули) во 17 часот.
Уште во самиот наслов авторот се обидува да го критикува здравствениот систем во земјава. Со насловот на објавеното видео, на кое се гледа дека поради дефект медицинските лица гo туркаат амбулантното возило, Тв Стар се подбива и го оцрнува целиот здравствен систем.
Веста со која авторот се обидува да се измејува и да го навредува здравството во земјава е опишана само со две реченици:
Објавата се коси со професионалните новинарски стандарди, кои секоја ТВ куќа и секој медиум се должни да ги почитуваат. Новинарот не ги одговора најважните прашања: каде, односно во кој град и кога е снимено видеото? Едни велат во Штип, други во Велес… По кратко истражување откривме дека видеото е снимено во општина Кочани, истото е објавено пред десетина дена на инстраграм и фејсбук. Кога се случил настанот, т.е. дефектот на возилото на Итната медицинска помош, не е познато.
Можеби станува збор за постара снимка, која сега во изборна кампања се злоупотребува за да се оцрнува здравствениот систем во земјава. Не е познат авторот на видеото, ниту лицето кое го објавило по социјалните мрежи.
Еден дефект на возило на Итна медицинска помош никако не може да биде – Клип на македонското здравство. Не е точно дека видеото кружи низ Европа и низ Балканот и тоа никако не ја отсликува состојбата, а уште помалку ефикасноста на македонското здравство.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар