Webp.net gifmaker

Регистрирани четворица заразени и тројца оздравени денес

Август 09, 2020

Четворица новозаболени и тројца оздравени од КОВИД-19 се регистрирани во Битола во денешната статистика на Министерството за здравство. Вкупниот број на позитивни е 165, а активни има 72 случаи. Во Центарот за јавно здравје направени се 61 тестирање, а во Инфективното одделение на Клиничката болница во Битола се хоспитализирани 28 пациенти

Во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: 

 
-Скопје 32 
-Куманово 9
-Дебар 3
-Штип 9
-Прилеп 1 
-Тетово 1
-Велес 2
-Битола 4
-Кавадарци 6
-Гостивар 7
-Струмица 1
-Кочани 1
-Демир Хисар 1
-Виница 1
-Кичево 7
 
Починати се 4 лица, два пациенти од Скопје, пациент од Дебар, и пациентка од Штип. 
 
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од: 
 
-Скопје 1
-Тетово 13 
-Велес 2
-Битола 3
-Демир Хисар 2
-Делчево 1
-Свети Николе 13
-Кичево 7
 
Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839,  бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани