АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Детска едукативна претстава од областа на сообраќајот за деца до 14 - годишна возраст беше изведна вчера во дворот на Националната установа - Завод и музеј во Битола како дел од проектот на Отсекот за превенција при СВР Битола „Полицијата и граѓаните заедно“, „Безбедно во сообраќајот“, како и одбележување на Европска недела на мобилност во сообраќајот. Во рамки на активностите, пред почетокот на претставата беше поделен и промотивен материјал и други реквизити од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активноста беше реализирана од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедноста, членови на РС и ОС за БСП, членови на ОО Црвен крст Битола, како и претставници на Општина Битола, информираа од СВР Битола.