2win800x200

Преспански јаболкобер 2020 под маски и на дистанца

Септември 22, 2020

 

Општина Ресен се подготвува за „Преспански јаболкобер 2020“ со почитување на здравствените протиколи, носење маски и на физичка достанца. Манифестацијата ќе се одржи на верскиот празник Крстовден, на 26 и 27 септември.  

-Оваа година славиме јубилеј 20 години „Преспански јаболкобер“. Со оглед на ковид кризата ќе имаме редуцирана програма, но не се откажуваме од  оваа централна манифестација во Преспа која го промовира не само јаболкото, туку и природното и историско-културното наследство на овој крај. Очекуваме гости од диполоматскиот кор од МЗШВ со министерот Хоџа. Нема да има големи масовни настани, но останува моментот на симболично откинување на  првото јаболко како и доделување на награди на најуспешните земјоделци. На манифестација ќе настапат локални уметници, групи и кантавтори, при што за публиката ќе бидат запазени сите здравствени мерки и препораки. Да се надеваме дека догодина помасовно како што доликува и во подобри здравени услови ќе го прославиме јаболкоберот, вели градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани