Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола потврдени се 16 нови случаи на COVID-19:
-9 лица во Битола (на возраст од 3 до 72 години), од кои пет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а останатите четири меѓусебно не се поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице,
-6 лица во Кичево (на возраст од 29 до 55 години) од кои три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт), а останатите три меѓусебно не се поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице,
-1 лице во Ресен кое дава податок за контакт со позитивно лице,
Денес во Демир Хисар не е регистрирано лице позитивно на COVID-19.
Денес согласно алгоритамот регистрирани се 4 оздравени лица од кои две од Битола и две од Кичево.
Денес е регистрирано и едно починато лице од Кичево на возраст од 80 години кое почина на КИБФС -Скопје.
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола