2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Независниот полициски синдикат отвори Регионална канцеларија во Битола

Октомври 10, 2020

Независниот полициски синдикат денес отвори Регионална канцеларија во Битола со цел полесно и поефикасно да се решаваат проблемите на членовите, кој покрај редовната полиција, ги опфаќа и вработените во судската, затворската и шумската полиција. Ова е втора Регионална канцеларија на Независниот полициски синдикат, после Штип. Претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев, вели дека отворање на ваква канцеларија во Битола се наметна посебно  после неколку напади на полицајци од шумската полиција во Ресен и Битола.

-Во оваа Регионална канцелари ќе се влеваат сите проблеми на сите полициските службеници. Ние во изминатиот период имавме случаи во кои колегите од шумската полиција од Битола и Ресен, беа повредени во неколку акции. За нив,   Гранскиот независен синдикат,  активираше адвокати,  па моравме да доаѓаме од Скопје и од Штип. Сега со отворањето на оваа Регионална канцеларија ќе ги поедноставиме работите, а работниците побрзо и полесно ќе ги остварувваат своите работнички права, изјави за апла.мк Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот полициски синдикат.

Претседателот на Независниот синдикат на судската полиција, Владимир Литовски, вели дека од Битола се претседателите на Независниот синдикат на судската и шумската полиција на ниво на Макеоднија, а голема   синдикална организација има и редовната полиција, па   реална е потребата  за отворање на Регионалната канцеларија.

-Работата на оваа канцеларија е многу е важна за синдикалното движење, затоа што се олеснува работата на Синдикатот. Инаку, проблемите на судската полиција се огромни, нерегулиран бенефициран стаж, нерегулирани плати и додатоци од плати. Има монтирани судски процеси против судски  полицајци. Неодамана имавме состанок со новиот министер за правда, договоривме до крајот на месецот уште една средба за да почнеме со решавање на проблемите. Се надеваме дека ќе најдеме решение, рече Владимир Литовски, претседател на Независниот синдикат на судската полиција

Иако има значаен напредок во остварувањата на правата на затворската полиција и администарција, посебно во делот на платите кои се покачени и до 10 илјади денари, од Синдикатот на затворската полиција се пожалија  на други проблеми. Најавуваат дека ќе бараат измени на кривичниот законик во делот на санкциите за напад на полициски службеник.

-Секој припадник на затворската полиција кога ќе направи прекршок во работата, против него се поднесува кривична пријава до Обвинителството за гонење на организиран криминал, иако не секој прекршок е од тој аспект . Секој кој ќе погреши треба да одговра во зависност од степенот и видот на одговрноста. Но, нема таква одгворност кога е нападнат затворски полицаец. Од тие причини ние како Независен синдикат на затворска полиција, во наредниот период ќе бараме измени и дополнување на кривичниот законик, односно ќе бараме напад на службено лице да се казнува со ефективна казна од 1 до 3 години затвор, а не како досега, парична или условна казна, вели Горан Ристевски, претседател на Независен синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија

 

Емилија Мисирлиевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани