АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеничката од редовите на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска денес по повод Cветскиот ден на белиот стап го посети Регионален ресурсен центаr за слепи лица во Битола. На средбата со членови на Здружението на слепи лица од Битола, Костадиновска – Стојчевска се запозна со актуелните проблеми со кои се соочуваат оваа група граѓани.
„Како претставник на законодавната власт во земјава и особено како претставник на Битола во Собранието на Република Северна Македонија, моја обврска е да бидам на располагање на сите категории граѓани кои се соочуваат со различни проблеми и ,секако, битка за нивно надминување. Во Собранието пред неколку денови помина во прво читање новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Со тоа власта предводена од СДСМ уште еднаш докажа дека во нашето општество нема простор за дискриминација на било кого, по било кој основ. Тоа секако се однесува и на слепите и лицата со оштетен вид чии проблеми знам дека се поврзани и со уставно загарантирани права. Јас како нивни пратеник денес сум тука да чујам нови иницијативи и предлози кои може да го подобрат животот на слепите лица. Се надевам дека одличната соработка што ја имаме со Здружението на слепи лица од Битола, ќе продолжи и ќе резултира со нови заеднички успеси”, порача Бисера Костадиновска – Стојчевска, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од СДСМ.
Ресурскиот центар во Битола започна со работа пред нешто повеќе од една година со вложувања на централната, локалната власт и УНДП. Со тоа слепите и лицата со оштетен вид од Битола добија место каде можат да се собираат, другаруваат, читаат на Брајово писма и да напредуваат во едукација.
„Имавме можност да се сретнеме со пратеничката од Битола, нашите барања и потреби ги искажавме пред неа, таа не сослуша и мислам дека ќе ги решиме. Бараме школско, да се донеси Законот против дискриминација кој влезе во процедура, тоа е многу важно зашто има доста дискриминација. Која мислам дека ќе се реши со законот. Потребите на нашите здруженија се големи, добиваме малку поддршка од нашите бизнисмени. Добивме ваучер од Агенција за спорт и млади кој сакаме да го искорисме за купување спортска опрема. Шахови немаме, а сега ќе дојде 4 Ноември имаме турнир, а ќе треба да бараме од други градови. Исто разговаравме и за невработеноста на младите. Во нашето здужение имаме уште тројца кои имаат дечиња и треба да се вработат ако сакаме да се интерираат во општеството“, рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на спели лица од Битола.
“