2win800x200

Илиевски предложи-Угостителските објекти да плаќаат поевтина комунална такса до 15 април 2021 година

Октомври 30, 2020

 

Угостителските објекти да продолжат да плаќаат поевтина комунална такса до 15 април 2021 година, предложи на денешната седница на Совет советникот на СДСМ Методија Илиевски. Седницата е во тек а Илиевски вели дека неговиот предлог ќе биде прифатен со оглед на тешката економска криза предизвикана од Ковид-19

-  На денешната седница на Совет на Општина Битола, во име на советничката група на СДСМ и коалицијата, предложив точка на дневен ред со која битолските угостители ќе продолжат да плаќаат комунална такса во износ од 5 ден. наместо 15 денари за метар квадратен во период од 15 ноември до 15 април. Со оглед на продолжените ефекти на кризата предизвикана од ковид пандемијата. Општина Битола има разбирање за состојбата во која се наоѓаат сите категории граѓаните, во случајот тоа се угостителите, вели Илиевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани