АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО – ДПМНЕ не престанува да изненадува. Непријатно, секако. И да збунува, очекувано. Кога и да помисли човек дека во опозициската партија ќе имаат малку доблест и совест и ќе премолчат некое актуално прашање бидејќи немаат никаков кредибилитет да го дискутираат, тие се појавуваат на протест и држат лекции за ветени проекти кои се во различна фаза на реализација, критикува Невена Димовска, портпарол на ОО СДСМ Битола.
-Згора на се, избираат форма на протест која е суштински спротивна на она за што се залагаат. Среќа што на прсти се бројат колите и на овој и на минатиот протестот на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, па и загадувањето остана во границите на дозволеното. Им благодариме за тоа, како и за сите проекти за намалување на загадувањето што ги имаат реализирано во минатото.
Следниот пат кога ќе протестираат против загадувањето, барем нека го направат со велосипеди. Општината даде и ќе дава субвенции. Како што државата овозможи во Битола зимава да има 2.500 оџаци помалку.
А, ако мерните станици во Битола покажуваат загадување во рамките на дозволеното како синоќа, додека ВМРО – ДПМНЕ протестираше, нека прифатат дека едноставно не може тие да бидат заштитници на здравата животна средина. Нека ги прашаат божјите сили за нова инспирација оти колку и да е модерно да се протестира за воздухот, сепак мора да постои долна граница и за пристојност и за постојаност во ставовите на една политичката партија, вели Димовска.