АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОО на СДСМ Битола денеска испрати реакција на вчерашното соопштение на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола во врска со случајот на советничката Анита Ангелевска.
-На ДПМНЕ Губитничко сите други им се виновни за очајната состојба во која се наоѓа, само тие самите не. Одговорот за сите превирања во сопствените редови упорно го наоѓаат надвор од партијата и како по обичај бегаат од одговорност и соочување со постапките. Мантрата “Заев е крив” не може да ја оправда оваа “братоубиствена” борба што се случува во ДПМНЕ Губитничко, ниту пак вечно да го штити тронот на неприкосновениот лидер на опозициската партија.
Дворските игри во ДПМНЕ Губитничко се уште поинтригантни за јавноста со секој истап на нивни истакнат член кој заговара промени во нивната партија. Иронично, само кога партиски војници ќе истапат против неприкосновениот партиски лидер, ДПМНЕ Губитничко се навраќа на нивните кривични дела кои до претходниот ден партијата ги релативизирала и се обидувала да ги стави под тепих. Селективноста и правдата по потреба биле и остануваат заштитен знак на ДПМНЕ.
Фактот, пак, што веќе не се знае кој разрешува, кој назначува, кој испраќа соопштение, а кој молчи за ситуацијата, говори дека има нешто навистина гнило во опозициската партија.
Би посакале побрзо “опоравување” на партискиот опонент во име на демократијата во земјата, иако тешко е да се замисли дека творците на 24 декември и на 27 април знаат што значи тоа, стои во реакцијата на СДСМ.
Анита Ангелевска, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, како и актуелен советник од партијата, вчера беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од Мицковски и вонреден конгрес.Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до медиумите во целост се огради од изјавата на Ангелевска пишувајќи „Сметаме дека изјавата на Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев“.