Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, по добиена судска наредба, денес извршија претрес на дом кај П.Н. во Битола и при тоа се пронајдени четири килограми амфетамин, четири килограми марихуана, околу 4000 парчиња таблети екстази, околу 6000 евра, дигитална вага, прибор за пакување на дрогата и други предмети.
П.Н. е приведен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Битола.