
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за здравство објави дека повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Согласно извештаите на ИЈЗ бележиме тренд на зголемување на бројката на оздравени пациенти, како и намалување на новорегистрираните случаи и починати. Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум држава. Да останеме одговорни, да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.