Од утре снег, од вторник поларен студ

Февруари 24, 2018

Од утре Македонија ќе биде под влијание  на многу студена и влажна воздушна маса, што ќе услови заладување и врнежи од снег во целава земја, а од вторник температурите ќе се спуштат и под -10 степени. 

Студениот бран кој доаѓа   е дел од антициклон кој веќе е навлезен во Западна Европа, а од североисток носи студен воздух

Пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и понеделник претпладне, кога насекаде ќе се формира снежна покривка, на пониските места од 10 до 15 цм, а на планинините и над 30 цм.

Ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Во вторник слаби врнежи од снег ќе има само во западните делови од земјата.

До четврток температурата ќе биде значително под просекот з аовој период од годината. Дневната температура ќе биде под нулата. утринските температури од вторник до четврток на места ќе се спуштат под -10 степени целзиусови.

vreme

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани