АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Белинда Сипкоска Гаштарова е избрана за најчитател во изминатата пандемична година, избор на битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ . Изборот беше во неколку возрасни категории.
-Имав само 6 години кога се зачленив во библиотеката, а денес имам 50. Ете толку долго библиотеката е мојот најверен пријател. Место без кое не би можела да живеам и да постојам. При првото влегување во библиотека помислив колку се среќни луѓето кои работат таму. Посакав кога ќе пораснам и јас да бидам библиотекар. Но животот ме однесе по друг пат. Сепак барем еднаш неделно ја отворам вратата на мојот втор дом и уживам. Ви препорачувам на сите, посебно на младите да одите и да ја отворите вратата на библиотеката, да ги погледнете книгите, па и тие ќе ве погледнат во очи. Во нив ќе пронајдите многу пријатели, ќе проживеете многу авантури, ќе запознаете нови светови, ќе сонувате поинакви соништа. Мирисот на книгите кој ќе го осетите ќе ве обземи за цел живот и ќе ве направи љубопитни да го откриете светот кој се крие низ библиотекарските рафтови. Библиотеката ќе ве спаси од тага, болка, лоши мисли. Ќе ве натера да ги заборавите секојдневните проблеми бидејќи ќе ве однесе во некој друг свет, на некое поубаво место, вели Белинда Сипкоска Гаштарова.