2win800x200

Стојчевски-Буково добива колекторски систем

Март 04, 2021

 

Во полн ек се активностите за изградба на колекторскиот систем од населбата Буковски Ливади до селото Буково. Да не беше трагично, ќе беше смешно, но вистината е таа – Буково конечно, во 21 век, ќе добие канализација. И тоа, благодарение на локалната самоуправа предводена од СДСМ и Градоначалничката Наташа Петровска, рече на денешната прес конференција Зоран Стојчевски, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола. 

Вкупната инвестиција на проектот за изведба на колекторски систем за селото Буково изнесува 13.000.000 денари, односно околу 211.000 евра. Средствата се исклучиво од Буџетот на Општина Битола. Опфатот предвидува поставување на канализација со должина од 1500 метри, од селото Буково до населбата Буковски ливади. Потоа, ќе следува и санација на коловозот до ова населено место.

-Овој проект не само што ќе го подобри квалитетот на живот на жителите на Буково, туку и ќе влијае позитивно во насока на заштита на животната средина. Со изведбата на колекторскиот систем ќе бидат прифатени сите фекални води од селото, а Јавното претпријатие Нискоградба и Општина Битола веќе имаат и готов проект за изградба на секундарна канализациона мрежа во Буково, рече Стојчевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани