2win800x200

На лаванда ќе мириса битолското Шеталиште, ако „домаќинките“ не си ја соберат за дома

Март 30, 2021

 

Лаванда се засадува во Градскиот парк во Битола во леите околу новите садници од дрвја. За пролетното разубавување на паркот ЈКП Комуналец годинава се одлучи за лаванда, која по реакциите на битолчани кои утрово пешачеа во Градскиот парк, не само што е едно од најубавите растенија со впечатлива виолетова боја, туку ќе го намали и присуството на комарци во летните денови. Но, дали садниците од лаванда ќе го дочекаат летото зависи од градските „домаќинките“ дали ќе намислат садниците да си ги однесат дома, зошто лани ги сотреа цвеќињата од јавните површини низ градот без срам. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани