АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод патрониот празник на општинското основно училиште „Славко Лумбарковски“ од Општина Новаци, на споменикот Народен херој во дворот на училиштето, свежо цвеќе положија директорот Илче Соклевски со вработените од училиштето, како и градоначалникот на општината Љубе Кузманоски со дел од вработените.
-И оваа учебна година во услови на Ковид 19 здравствена и економска криза, со користење на комбиниран модел на настава, училиштето го слави ликот и делото на патронот Славко Лумбарковски и бележи бројни успеси, активности и плодна работа.
Реализирани се безброј проекти, работилници, предавања. Во наредниот период во училиштето ќе се организираат екстерни и интерни обуки за Советот на родители, Училишниот одбор, како и обука на фокусирана група на наставници, стручни соработници и административна служба, поврзана со начинот на аплицирање на училиштата за средства од европските образовни програми и фондови, истакна директорот на ООУ „Славко Лумбарковски“ , Илче Соклевски.
Вреди да се истакне и изработката на училиштниот весник ,, Милениум,, , како и подготвеното видео за училиштето, поставено на You Tube каналот и веб страната на училиштето, изработени од страна на училиштните тимови.
-Славко Лумбарковски со својот светол дух и животен пример за тоа како треба да се бориме за слободата на нашата татковина, нека им биде патоказ по кој ќе чекорат учениците и наставниците, истакна Соклевски.
Соклевски на учениците и вработените им го честита патрониот празник и им посака успешна работа и многу здравје.