2win800x200

Кузманоски-25 години од основањето на Општина Новаци, работиме на зајакнување на економските капацитети

Март 30, 2021

 

Оваа година кога прославуваме 25 години од основањето на Општина Новаци, ќе остане врежана во нашите сеќавања по многу убави и пријатни мигови, но и поради тоа што Денот на општината го прославуваме во услови на светска пандемија од Ковид-19. Покрај тоа што сме соочени со пандемијата, соочени сме и со предизвикот како да се продолжи да се функционира нормално, а сепак тоа да биде безбедно и сигурно и по нашето здравје, но и по здравјето на нашите најблиски и соработници. Во таа насока, од мое лично име ќе Ви посакам пред се добро здравје, светла мисла, верба во крајниот успехот и многу позитивна енергија, затоа што тие се основа за да се справите со секој предизвик, рече градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

Кузманоски  истакна дека со напредокот на државата и Општина Новаци продолжува да чекори по патот на просперитет, стабилност, развој и општ подем. Она што минатата година го најавивме дека 2021 ќе биде година на капитални инвестиции, полека но реално и го остваруваме и во услови на пандемија. Процесите кои започнаа, продолжуваат, можеби со забавено темпо, но сепак со една и само една крајна цел, а тоа се подобри и современи услови за живот на сите граѓани, подобри услови за работа на бизнис секторот, развој на руралните средини, промоција на културно, историското и природното наследство.

Одбележувањето на ваквите денови се моменти да се преиспитаме до каде сме стигнале и што сме направиле во изминатиот период. Со задоволство можам да констатирам дека успеавме да ја оправдаме сликата за Општина Новаци како модерна и современа европска општина.

Како и досега и во иднина активностите ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина, подобрување на водоснабдувањето, на условите во образованието, на условите за подобро и подостапно здравство, проекти кои ќе бидат од големо значење на општината и целиот пелагониски регион.

Нашата општина може да продолжи да се менува уште повеќе само доколку се движи во соодветен правец и само доколку граѓаните придонесат во процесот на нејзината промена.

Како локална самоуправа на граѓаните ќе им понудиме поуспешна општина во која ќе се чувствуваат попријатно, ќе ги задоволуваат своите животни потреби поефикасно, ќе живеат во инфраструктурно поуредени средини.

Граѓаните во Општина Новаци во сите населени места ќе чекорат по нови асфалтирани и бетонирани улици, по новоуредени тротоари, а исто така ќе користат нови водоводни и канализациони линии.

Учениците во нашата општина ќе може да следат редовна настава во современи

услови и училишта со европски стандарди.

Им го олеснуваме пристапот на земјоделците до земјоделските површини, градејќи и реконструирајќи полски патишта по кои секојдневно ги извршуваат своите обврски и задачи.

Се грижиме за младите, градејќи забавни тематски паркови во сите населени места во нашата општина.

Кузманоски вели дека општина Новаци продолжува да чекори по ваквиот развоен пат настојувајќи да ги зајакне економските капацитети. Наспроти економската состојба предизвикана од пандемијата со коронавирусот, поради местоположбата во срцето на Пелагонија, Општина Новаци останува интересна за домашните и странските инвеститори, како во областа на земјоделството, така и во туризмот и во преработувачката индустрија.

Драги сограѓани,

Општина Новаци по 25 години од своето постоење е многу поблиску до европските стандарди - не само по урбаниот лик, туку и според развојот кој и обезбедува видно место на скалата на привлечни економски дестинации.

И во идниот период сплотено, заеднички, со меѓусебно почитување и разбирање ќе се стремиме кон европска Општина Новаци.

Нека е честит Денот на Општина Новаци!, се обрати Кузманоски на свите сограѓани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани