Поради неповолни временски и климатски услови кои погодуваат на значителен развој и пораст на популацијата на комарци на територијата на Општина Битола, Центарот за јавно здравје од Битола ќе преземе вонредни мерки со кои би се превенирале последиците од зголемениот број на вектори.
-Во таа насока известуваме дека во периодот од 17.05.2021год. (понеделник) екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведат ВОНРЕДНА ПРЕВЕНТИВНА АДУЛТИЦИДНА теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето, ќе се врши во периодот од 20:00 часот до 24:00 часот или во зависност од временските услови, во раните утрински часови во термин од 04:00 часот до 07:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини и делови со густа вегетација во потесното градско подрачје, градскиот парк, месноста Тумбе кафе и потегот над градската касарна, информираат од ЦЈЗ.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се медиумите, здруженијата на пчелари, локалната самоуправа, ЦУК и сите останати надлежни институции. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-115.