2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Забрана за камиони на планинскиот премин Ѓавато

Март 22, 2018

Поради врнежите од снег на планинскиот премин Ѓавато од 19,20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила. 

Вакви забрани има и на превоите Стража и Буково,  на патниот правец крак-Маврово-Дебар, на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Буково и Ѓавато.

 АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

УХМР најавува врнежи од снег и следните денови. Во петок се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. Во сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. Во сабота и во недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од минус четири до еден степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани