2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Цела екс ју пензионерска естрада дојде во Битола, наместо да ги поддржиме домашните уметници, рече Милевски

Јули 21, 2021

Наместо да дискутираме за спонзорирање на нашите музички ѕвезди, ние сме сведоци деновиве дека цела екс ју пензионерска естрада дојде во Битола за да му дадеме пари бидејќи две години од короната се истрошени.Никој не зборува за Каролина Гочева, за Димитар Андоновски и за многу други ѕвезди кои се од овој град. Ова како еден од проблемите на Битола го посочи лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на денешната промоција на новото граѓанско движење на центарот во Битола. 

,,Ако се работело во изминатите 30 години, ние немаше да дискутираме да даваме поддршка за младите надежни спортисти од Битола наместо парите да ги даваме за странски спортисти кои доаѓаат да се натпреваруваат во нашите екипи. На Битола  и фали луна парк, пешачки патеки, затворен базен. Нема што не и фали и тоа не се прави во 1 година или еден мандат туку со визија како Битола треба да изгледа по 10 години", рече Милевски. 

-Во изминатите 30 години Битола тапка во место, се менуваат двете големи партии меѓутоа незадоволството кај граѓаните расте и се иселуваат оти не ја гледаат тука перспективатa,-рече тој 

Запрашан дали како министер во актуелната власт не можеше да ја наметне и спроведе таа визија, рече дека кога се оди во коалиција со поголем партнер тој ги наметнува програмите и идеите и не можете да се расправате, па затоа во коалиција со ДОМ на престојните избори ќе настапат сами. 

- Анкетите покажуваат во Битола дека дел од новиот Совет неминовно ќе биде ЛДП. И мнозинството во Советот ќе зависи од ЛДП, рече Милевски, кој воедно е и министер за локална самоуправа во сегашната Влада. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани