2win800x200

Денеска се вакцинирани 1932 граѓани во Битолскиот регион

Јули 21, 2021

Интересот во Битола за вакцинација и натму е голем, а вкупно во текот на денешниот ден се вакцинирани 1932 граѓани, од кои 1720 во Регионалниот вакцинален пункт во спортската сала на Медицинското училиште, а со теренската вакцинација се опфатени 212 граѓани, од кои 104 во Новаци и селата кои приапаѓаат на оваа Општина. Теренската вакцинација и утре и во петок продолжува во новачките села.

Инаку, Битола котира високо на листата на вакцинаирани граѓани, односно има речиси 38,9 проценти вакцинирано население. Пред Битола се Кавадарци со 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 и Гевгелија со 41 процент, Ресен со 39, 8 проценти итн. Најмалку вакцинирани граѓани има во Кичево, 15,8 отсто.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани