АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овие денови, јавните претријатија во градот кои се под капата на Општина Битола најверојатно ќе добијат и нови директори. Неофицијално дознаваме дека за дел од нив веќе се знаат имињата кои наскоро треба да стапат на функција.
ВМРО ДПМНЕ за ЈП „Водовод“ извесно е дека го планира општинскиот лидер, Пеце Милевски кој на последните локални избори беше носител на листата на советници, но заради немање на мнозинство во Советот не успеа да биде претседател на Советот на Општина Битола. Па, за успешноста на изборите наши извори велат дека Милевски ќе го добие раководното место во едно од најголемите ЈП во градот „Водовод“ на позиција која сега ја извршува Горан Козаров.
Со ЈП „Комуналец“ на чие чело сега е Панде Богоевски, според наши извори ќе раководи Николче Котевски, вработен во Царина, бивши советник од мандатот 2009-2013.
На Местото на Методија Силјановски во ЈП „Нискоградба“ наводно се планира да биде Зоран Талевски, вработен во МЕПСО и поранешен советник во Светот на Општина Битола во мандатот 2013 - 2017, додека пак со ЈП „Паркинзи“ каде актуелен директор е Зоран Дојчиновски, наводно ќе управува Горан Исков, вработен во ЈП „Водовод“ Битола и потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола. Засега е неизвесно кој ќе раководи со ЈП „Пазари“ на чие чело во последните 3 години е либералдемократот Владе Атанасовски.