2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ситуацијата во битолското образование пред вриење

Февруари 28, 2022
Фото седница на Совет Фото седница на Совет

Класичен упад, а не увид и ревизија се врши во битолските училишта од страна на незаконска комисија во кој членуваат соработници и раководители на сектори од Општината, а не овластени инспектори, реагираше на денешната седница на Совет Мирјана Захариевска-Ралевска, советничка од опозиционата СДСМ. Градоначалникот Тони Коњановски возврати дека се што е преземено е законски, Општината има право да го согледа функционирањето на школите, а онаму каде има сомнежи ќе постапува и ревизор.

Захариевска-Ралевска обвини дека работата е дојдена до таму што се крадат записници од канцеларии на директори во нивно отсуство.

„Откако не успеаја притисоците врз директорите на битолските училишта да си поднесат оставки, следуваше смена на Училишните одбори, а потоа се премина на следната фаза, класичен упад во училиштата. По законот е строго прецизирано кој може тоа да го врши - Државниот просветен инспекторат и овластени општински инспектори. А во Комисијата ни еден од членовите не одговора на профилот кој законот го прецизирал. Тука имаме соработници, помлади сопработници, раководители на сектори, со образование педагогија, Педагошки факултет. Очигледно заедничко на сите им е проверени кадри на ДПМНЕ“, рече Захариевска-Ралевска.

Таа обвини дека единствената задача на незаконската комисија е да врши притисок и да се бараат наводни незаконски дејства на актуелните директори.

„Дури да си дозволи од канцеларија на директор да го украде записникот кога директорот не е во канцеларијата. Незаконските записници ги користат за прес, омаловажување на нивниот труд. Пресот го држи личност која до 2017 година беше директор на училиштето во Кукуречани и го заглави за 238 000 евра и го остави со блокирана сметка, комплетно руинирано“, рече советничката.

И советниот Менде Илиевски рече дека ситуацијата е толку наелектризирана што вработен во училиште ја нападнал директорката.

Воедно, беше кажано дека и Комисијата за трансфорамција на работниот однос во образованието е нефункционална и два месеца нема разгледувано ни едно барање.

„Сите кандидати за кои е поднесено барање за трансформација на работниот однос ги исполнуваат законски пропишаните услови. Намерната опструкција е очигледна и препоставуваме дека реториката би била треба да се 'суредат' партиските кадри на СДСМ“, рекоа советниците од опозицијата.

Градоначалникот Тони Коњановски им одговори дека постапуваат коректно, неселективно се со цел функционирање на училиштата и образованиот процес да се одвива непречено. Дека нема притисоци врз директорите, тој рече дека доказ е тоа што повеќето од нив уште се на директорските функции. За Комисијата рече дека и лично реагирал до Државниот просветен инспекторат нивен претставник да биде член на комисијата.

„Поради немарност на претходната локална самоуправа и ненавремено спроведените постапки за јавна набавка за контрола на горивото постоеше и опасност на самиот почеток училиштата да останат брз греење. Сите треба да си ја работиме работата, и директорите“, рече градоначалникот.

„Општината има право да го утврди функционирањето и начинот на кој се трошат средствата од страна на директорите и од таа причина комисиски во дел од училиштата каде имавме индиции за неправилности, ќе постапува и внатрешниот ревизор. Сите постапки и регуларни процедури ќе бидат спроведени и секое нестручно работење, ако има такво ќе се санкционира, се во рамките на законот“, рече Коњановски.

За трансформацијата на работниот однос нагласи дека за разлика од СДСМ која кога дојде на власт околу стотина лица остави на улица не давајќи им решение, тие ќе им го решат статусот на сите оние кои ги исполнуваат законските услови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани