АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„АД ЕСМ испорачува исклучиво електрична енергија произведена од домашните капацитети. Кон ЕВН Хоум за потребите на граѓаните и малите потрошувачи се испорачува електрична енергија произведена во електраните на АД ЕСМ, ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, не се увезува струја и нема недостиг„. вели генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски
Дополнително, Владата го задолжи ЕСМ да обезбеди електрична енергија и за планираниот процент загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО, со цел да се обезбеди и таа енергија по домашни цени.
„Сето тоа се прави со поддршка од Владата на Р. Северна Македонија и со финансиски план, со цел успешно да излеземе од енергетската криза. Засега менаџираме успешно, средствата кои се наменети досега за справување со кризата се значајни, но се многу помали од тоа што е потрошено во земјите од регионот. Активно сме вклучени со сите капацитети за максимално производство на електрична енергија, и за менаџирање и на кризата со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија”, вели Ковачевски