2win800x200

Бисера Костадиновскa Стојчевска и официјално избрана за нов потпретседател на СДСМ

Декември 27, 2021

Пратеничката од Битола и универзитетски професор, Бисера Костадиновска Стојчевска  и официјално е нов потпретседател на СДСМ.

Вечерва на седница на Централниот одбор на која  партијата го избираше новото раководство, заедно со Костадиновска-Стојчевскс, нови потпретседатели се и актуелниот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов, поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа партиска функција. Сања Лукаревска останува заменик претседател на СДСМ.

Нов генерален секретар на СДСМ е Миле Зечевиќ, Вангел Андрески е избран за организациски секретар, а Бојан Маричиќ е избран за секретар за меѓународна соработка

Пратеничката Даниела Колева, шефот на кабинетот на Венко Филипче во здравство Дритон Исмаили, поранешниот генерален секретар на партијата Андреј Петров, Мишко Ралев, Никола Ралиќ се дел од новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ.

Во новиот состав остануваат досегашните членови на ИО Ана Данева Маркова, Петре Шилегов, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Дарко Каевски, Нина Фити.

Новиот Совет за креирање политики ќе го раководи Игор Ивановски.

Централниот одбор на СДСМ го избра новиот мандатар на идната Влада, Димитар Ковачевски, а министерските функции во новиот владин кабинет ќе се знаат по новогодишните празници.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани