АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од Државното музичко училиште во соработка со Американското катче на Саемот за креативци успеаја од овошје и цвеќиња да создадат музика. Овошките и цветовите ги поврзаа со алуминиумска фолија со што станаа спроводници и при секој допир на нив преку компјутерска програма се слушаа тонови како од пијано. Така, со допир можеше да се исвири дури и мелодија. Портокалите пак, даваа звуци на тапани.
Саемот на кој присуствуваа 25 креатвни тимови, го посетија над илјада посетители. Дел од нив го посетија штандот на Државното музичко училиште, меѓу нив и градоначалничката Наташа Петровска која на оваа интересна креација успеа да исвири дел од медлодијата „Билјана платно белеше“.
Ова беше првиот Саем на креативци на Балканот, а го организираа Амбасадата на САД во Mакедонија, во партнерство со Aмериканските катчиња во Македонија и Општина Битола.