2win800x200

Ски стазата во Нижеполе подготвена, патот се чисти, но силниот ветар постојано навејува снег

Февруари 08, 2022

Нова снежна покривка донесоа синоќешните врнежи и на Пелистер,  а од ски центарот Нижеполе на ЈП "Стрежево" информираат дека нивните екипи ја подготвија ски патеката, но во моментот силниот ветер создава снежни наноси.

-После врнежите од снег во текот на ноќта,  нашите дежурни екипи ја подготвија патеката за скијање но поради силниот ветар кој дува и во моментов на одредени места има големи намети од снег.
Истата е ситуацијата и со патот иако службите на ЈП. ,,Македонија пат" , и нашата механизација го чистат патот , ветерот го прави своето. Ски-лифтот ќе работи од 09.00 до 15.00 часот , одлуката е ваша, велат од ски центарот Нижеполе
 
FB IMG 1644307716787
 
FB IMG 1644307724085
 
 
 
FB IMG 1644307700911
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани