
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено.
Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Центарот за европски развој и интеграција. Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата „Св. Четириесет маченици“ во месноста Кркардаш. Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме со оваа иницијатива.
