АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ценатрот на Љубљана, Република Словенија , вчера се одржа презентација на посебностите на нашата држава на која учество зедоа неколку македонски културни и фолклорни друштва кои функционираат во Република Словенија и ја одржуваат македонската традиција.
На штандовите кои беа поставени на неколку метри од познатото Тромостовлје се нудеа македонски специјалитети, вино, рачни изработки на накит... Најголемо внимание привлече делот за туризам на кој минувачите можеа да се запознаат со дел од туристичкиот потенцијал на нашата земја, беа презентирани убавините и туристичкиот потенцијал на Битола како и Националниот парк Пелистер.
-Ова за нас е очекувано, имајќи го предвид долгогодишниот интерес и желба за посета на пријателите Словенци. Тие се заинтересирани да ја посетат Р. Македонија и да се присетат на некои поранешни времиња. Нашата земја им буди спомени од младоста, период од животот во кој веќе биле во Македонија и се интересираат да видат што и колку се променило. Ние сме тука тоа да им го прикажеме, ни изјави Горан Пинза, сопственик на туристичката агенција „Глобус клуб“ од Битола , кој присуствуваше во Љубљана. Пинза по мајка е Словенец и, со голем ентузијазам и желба за промоција на Битола и Р. Македонија, долги години работи на полето на привлекување на странски гости во нашиот град.
-Потенцијалот кој го поседуваме како регион и држава е навистина огромен. Словенците, но и сите останати многупати се изненадени од тоа колку е богата нашата понуда. Културно наследство, природни убавини, извонредно богата историја со значајни настани, минерални извори, еколошки здрава и вкусна храна се само дел од адутите кои ги имаме и треба да ги искористиме. За жал, не сакаме или не знаеме да ги искористиме истите и многу заостануваме на полето на туризмот, а региони и земји со далеку поскромна понуда имаат многу повеќе туристи и остварени ноќевања, раскажува Пинза по настанот во Љубљана.
Настанот беше организиран од Амбасадата на Република Македонија во Словенија и од невладината Виа Мкц, која им помага на македонските студенти во Љубљана и околината