2win800x200

 

 
Во рамките на чествувањата по повод  празникот 11 Октомври, на тема „Предизвиците на 11 октомври – 80 години потоа“  говореа потпретседателот на Сојузот на борци Битола Стефан Бошков, историчарот д-р Александар Литовски и градоначалничната на Општина Битола  Наташа Петровска, во присуство на претставници од Сојузот на борците и почитувачи на нивните дела. 

По повод 80 годишнината од почетокот на антифашистичкото востание, цвеќе пред Споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ, претставници на Форум на пензионери од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците.

„Празниците се значајни најмалку за два работи: прво, да се потсетиме и да им оддадеме почит на оние кои што се заслужни за сето ова што го имаме, а второто е тоа да се присетиме себеси дека се во животот е избор. Избор имаме и во нашата денешница, за нашата битка, за нашата борба, која што треба да претставува продолжување на негување на вреднотите за кои се бореле нашите предци во минатото. Сите ние навистина треба да оддадеме длабока почит кон оние кои што ги дале своите животи за да бидеме денес ние овде, но и со нашето делување да ја продолжиме нивната битка“, рече градоначалничката Наташа Петровска, која воедно го честита големиот празник.

Градоначаничката Петровса, претставници на Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, претставници од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на народните херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.0

пшарти

По повод 79 годишнината од 11 Октомври кога  предците ја започнаа народната борба за слобода, а со придржување до строгите мерки на заштита и по зададените протоколи од Министерството за здравство, во Битола на неколку локации се одбележа еден од најзначајните датуми во македонската историја, Денот на востанието. 

Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.ноб2

ноб3

ноб4

ноб5

Делегација предводена од заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници на Советот на Општина Битола и Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на сите народни херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.ноб7

ноб8

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита државниот празник  11-ти Октомври, Денот на востанието, симбол на македонската борба за слобода. 

Во моментите кога се одбележува 79 годишнината од почетокот на антифашистичката борба во Македонија, упатуваме должна почит и благодарност до сите учесници во Народно-одлободителната борба кои животите ги дадоа на браникот на слободата за нашата татковината. Преку нивните храбри дела и заложби за сопствена држава, токму преку првото заседание на АСНОМ започна остварувањето на повеќевековните идеали на македонскиот народ. Нас како идни генерации, ни останува обврската да ги чуваме овие придобивки и да придонесуваме за поразвиена, економски стабилна, мултиетничка, слободната, самостојна, независна и суверена Република Северна Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани