АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јулијана Ивановска не е веќе директор на старскиот дом „Сју Рајдер“ Битола, иако на две години пред истекот на мандатот, таа си поднесе оставка од фукцијата, а локалната власт на нејзино место, како вршител на должност ја постави Тања Галовска, дипломиран економист, вработена како раководител на финансова служба, одговорна за јавни набавки во Домот. Ивановска на оваа финкција беше назначена по доаѓањето на Наташа Петровска за градоначалник, како кадар на НСДП и исто така доаѓаше од редот на вработените во „Сју Рајдер“.
Ивановска за време на ковид кризата, тимски и координирано, успешно ја споведоа имунизацијата во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола и со презмените, протоколи, мерки и активности, со добро менаџирање успееја да го зачуваат здравјето на 125 штитеници и на вработените во Домот.
Ивановска останува во „Сју Рајдер“ како главна медицинска сестра.