АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Љубителите на култниот бенд ЕКВ и рок музиката вчера имаа можност да уживаат во мултимедијалниот настан „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ- како и понатаму да е тука“ што се одржа во Пациото на Завод и музеј Битола. Проектот беше насловен „Деца из воде“ посветен на музичарот, пеачот и уметникот Младеновиќ од ЕКВ чии песни и денес значат многу во антологијата на балканската рок музика. Низ песни, видео спотови, документарен филм и фотогрфии се оживеаја спомените за големиот музичар кој почина пред 24 години и култниот бенд ЕКВ чија музика и понатаму е актуелна.
Со овој настан заврши 17-то издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ што се одржа во рамки на „Бит Фест“.
Битола е подготвена за големиот музички концерт што ќе се одржи утре вечер под отворено небо, на плоштадот Гоце Делчев со почеток во 21.00 часот. Бендовите “С.А.Р.С”, „THE PRODIGY live tribute band“ и “FUNK SHUI” гарантираат одлична забава за сите љубители на добрита музика и концерното расположение. Концертот е дел од фестивалската програма на Битола отворен град 2018 година.
Денес на програмата е Младински предизвик и јавна дискусија, со почеток во 19 часот во салата за презентации во МКЦ – Битола, каде битолчани ќе имаат можност да поразговараат на темата Што може Битола да научи од Нови Сад? Наши гости се дел од координативниот тим на OPENS 2019 - Европска Младинска Престолнина 2019.
Младински предизвик на фестивалот „Битола отворен град 2018“. Битолчани имаат можност да освојат три бесплатни влезници за познатиот европски музички фестивал EXIT 2018 што од 12 до 15 јули се одржува во Нови Сад, Србија.
Она што треба да го направат е да соберете тим од тројца, да пронајдат три симболи на OPENS2019 (Европска младинска престолнина 2019) прикажани на фотографиите, во три различни кафичи на Широк Сокак и во центарот на Битола. Да направат три фотографии од тимот со симболите и да ги објават јавно на нивниот Facebook и/или Instagram профил со употреба на хаштаг #opens2019 и #bitolaotvorengrad и да ја тагнат Facebook страницата на MKC Bitola
Учесниците да имаат над 18 години.
Старт 11.00 часот среда 27 јуни 2018. Најбрзиот и најснаодливиот тим кој ќе го исполни предизвикот, ќе добие три влезници за EXIT2018!
Победничкиот тим ќе биде прогласен на вечерашната јавна дебата во 19 часот во МКЦ-Битола.