АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во сите одделенија во државата има значаен број на пациенти, некаде капацитетот е целосно исполнет и пациентите се праќаат во други градови, како што е случајот со пациенти од Прилеп кои се носат во Битола, рече министерот за здравство Венко Филипче. Во Битолската болница се хоспитализирани 17 пацинети со коронавирус.
„Во Прилепската болница на Инфективното одделение нема во моментов слободни места, можат да се префрлат пациентите на некое од другите одделенија. Со оглед на тоа дека има слободни места во Битолската болница, неколку пациенти ќе се префрлат во текот на денешниот ден. Тоа го менаџиравме утрово. Сега за сега ова не е нешто што не може да се изменаџира“, рече Филипче на денешната прес конференција.
Болничарка вработена на Одделението за актушетво и гинекологија при Клиничката болница во Битола е позитивна на ковид-19. Таа се разболила надвор од установата, но била во контакт со дел од вработените, па шест лица од истото одделение се ставени во изолација, потврди за Апла.мк директорката на Болницата, Билјана Гагачовска.
Инаку на Инфективното одделение во Битолската болница утрово имаше 30 пацинети и еден сомнителен случај за кој се чекаат реузлтати. Во Битола од почетокот на пандемијата до сега има околу 45 заболени лица, од кои до вчера беа 11 активни, а двајца се починати. Болницата како Регионален ковид-центар го зголеми капацитетот и има обезбеден простор за нови пацинети.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е капацитетот на Битолската болница во свлучај да треба да се примат пациенти со коронавирус, рече дека таа е доста солидна и екипирана здравствена установа, со добра инфраструктурна поставеност, но нема да се користи како болница каде ќе се лекуваат овие пацинети.
„Многу солидна и екипирана болница е со ниво на експертиза и со добра инфраструктурна поставеност. Но, нема да има други центри за лекување на пацинетите со коронавирус освен болниците кои цело време ги спомнуваме Инфективната клиника со дополнителниот капацитет и болницата „8-ми Септември“ пред се поради експертизата“, рече Филипче.