
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешната конститутивна седница, Валентин Груевски од ЛДП, беше избран за претседател на Советот на општина Битола. За негоа гласаа 17 советници од СДСМ и коалицијата, двајца независни советници од граѓанската иницијатива „Поинаку“ и 1 советник од коалицијата на ДУИ. Сите 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
-На сите избрани советници им честитам, а на ОИК-Битола и се заблагодарувам за спроведените демократски избори, а им благодарам и на граѓаните кои на 15 октомври, достоинствено и мирно излегоа на избирачките места и го дадоа својот глас онака како што мислеа дека треба да го дадат.
Постигнавме апсолутен рекорд по бројот на освоени гласови во плуралистичка Македонија, и за градоначалник и за советничка листа , рече Валентин Груевски , носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Битола , за огромната поддршка на локалните избори во неделата.
-Победата на коалицијата „Живот за сите“ на локалните избори е величествена , над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка-рече Груевски, кој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.
Нашата работа ќе биде видлива, транспарентна и отчетна. Советот ќе биде подршка на новиот градоначалник, но и коректив на нејзината работа, на работата на општинската администрација, порача Валентин Груевски , носител на листата на СДСМ и коалицијата.
-На 16 октомври да го почестиме Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола, порача Груевски во изборната кампања.
-Од името на сите вас сакам едно да и порачам на Наташа Петровска:-Сите овие луѓе не сакаат втори, трети или четврти кругови, сакаат победа на 15 октомври , а на 16ти да го почестите Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола.