2win800x200

Валентин Груевски избран за претседател на Советот на општина Битола

Октомври 25, 2017

На денешната конститутивна седница, Валентин Груевски од ЛДП, беше избран за претседател на Советот на општина Битола. За негоа гласаа 17 советници од СДСМ и коалицијата, двајца независни советници од граѓанската иницијатива „Поинаку“ и 1 советник од коалицијата на ДУИ. Сите 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.

 

Груевски по изборот, се заблагодари на довербата и најави дека функцијата ќе ја извршува согласно Уставот, законите, статутот и деловникот на општина Битола.

-Довербата која ја добивме на изборите ни претставува огромна обврска да ги исполниме ветувањата, Битола да си го врати местот кое и припаѓа. Ветувам дека како претстедател на Совет подеднакво ќе се грижам за сите советници, без разлика дали се од власта или од опозицијата. Советот мора да биде место на кое ќе се решаваат битолските проблеми, затоа и сме избрани. А не арена на партиски препукувања, бидејќи за тоа не сме добиле мандат. Не смееме да заборавиме дека Битола има 65 села, а во неа живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, во неа живеат православни христијани, католици, муслимани, атеисти. Битола е шаренолика и така треба да ја градиме. Во неа има место за сите. Нашата работа треба да биде транспарентна, отчетна и многу видлива за граѓаните. Немам намера Советот да биде затворен круг во кој ќе си зборуваме сами со себе и сами себе да си се слушаме. Советот да си го заземе местото кое му припаѓа, односно граѓаните ќе не почитуваат онолку колку што ние сами себе ќе се почитуваме и колку ќе ја почитуваме институцијата во која сме избрани, рече Груевски.

Тој до советниците испарти порака.

-Меѓу нас има советници кои првпат се овде, некои вторпат, а некои повеќе пати. До сите вас упатувам една порака-Советот ќе работи чесно и одговорно, ќе биде коректив и голема помош во работата на градоначалникот и општинската админситарција. Ветувам дека интересот на граѓаните ќе биде на прво место, додаде Груевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани