АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот Иван Чулакоски од незвисната советничка група „Поинаку“ со бејсбол палка во рацете денес излезе на советничката говорница во Битола. По најавите дека од буџетот ќе се издвојат средства за нови спортски активности, тој пародично побара од Општината да формира бејсбол клуб велејќи дека има многу заинтересирани битолчани за овој спорт.
„По барање на битолчани има многу заинтересирани да се занимаваат со бејсбол во Битола и побаравме од Комисијата за спорт која предвидува буџет и средства за нови спортски активности и содржини во Битола да се формира и еден бејсбол клуб кој ќе функционира под належност на Општина Битола. Ние како ‘Поинаку’ сме заинтересирани да донираме палки за сите заинтересирани граѓани“, рече Чулаковски.
На ваквото барање возврати претседателот на Советот, Валентин Груевски велејќи дека Општината нема надлежност да формира спортски клубови, но може да ја поддржи нивната активност доколку таков клуб е оформен.
Од „Поинаку“ побараа во Советот да се достави информација за аероздагувањето во Битола. Но, ваквиот прелог беше одбиен зашто како што изјави Методија Илиевски, координатор на советниците од СДСМ, во тек е изработка на краткорочни мерки за заштита на животната средина.